проф. м-р Никола Ефтимов
Факултет за дизајн и мултимедија
Образование:
Предмети:
Одлука за избор во наставно-научно звање
Кратко наративно био
Никола Ефтимов дипломира во 1993 година на Факултетот за ликовни уметности (графика и модно креирање) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Костадин Танчев. Никола Ефтимов магистрира моден дизајн (Модата како уметност, ментор проф. Елена Росони, подоцнежна директорка на „Националната пинакотеката на Болоња“) на „Академија Италијана“ во Фиренца, Република Италија, во 1998 година.
Повеќедецениското искуство опфаќа работа како дизајнер во модната индустрија, дизајн студија, дизајн платформи и интернационални сервиси за модни предвидувања во земјата и странство, графички дизајнер во адвертајзинг компании и маркетинг одделенија на компании, ликовен уметник, костимограф на театарски претстави, музичко-театарски перформанси, балетски претстави итн., раководител на сопствена фирма за моден дизајн и продажно место и дизајнер на авторски колекции, предавач и директор за настава на „Академија Италијана Скопје“, визитинг професор на факултетот за Арт и дизајн при „Првиот приватен универзитет - Европски универзитет - Република Македонија (ЕУРМ)“ во Скопје, Факултетот за мултимедија и дизајн во состав на „Американскиот Универзитет на Европа - ФОН“ во Скопје, 2017-2018 година и предавач во многу едукативни програми од неформалното образование во соработка со државни и приватни институции од областа на културата и високообразовни институции. Со предавачка дејност се занимавал и во странство. Тој бил ангажиран како предавач на Меѓународниот дизајн институт „Чанапат-Академија Италијана“ во Бангкок и визитинг професор на „Академија Италијана Тајланд“ во Бангкок, Кралство Тајланд.
Никола Ефтимов е добитник на престижни награди за моден дизајн, цртеж и илустрација на национално и меѓународно ниво.
Тој е вонреден професор на Факултетот за дизајн и мултимедија.
Предмети кои ги предава/л
Основи на моден дизајн, Моден дизајн (различни нивоа), Дизајн на колекција, Дизајн на модни додатоци, Историја и теорија на костим и мода, Костимографија, Текстил и текстилни производи, Модни додатоци итн.
Теми и области во кои менторира дипломски работи
Дизајн на колекција на облека, дизајн на колекција на модни додатоци, костимографија итн.
Истражувачки интерес
Модата како уметност, модата како комуникација, историја на костимите и историја на модата, експериментални модни техники, проектирање на колекција, визуелна комуникација, модна фотографија, примена на вештачката интелигенција за модна презентација и одредени фази на дизајнерскиот процес, одржлива мода итн.
Награди и признанија
Награда за цртеж на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје („Македонски цртеж` '96“), 1997 година
Награда „Дизајнер на годината за 2003 година“, награда од македонските медиуми, Скопје, 2004 година
Победник на модниот натпревар организиран од „Кока Кола“, модна ревија, Хотел „Александар-Палас“, Скопје, 2005 година
Избор за предавач на годината на одделот за мода на Интернационалниот дизајн институт „Чанапат-Академија Италијана“, Бангкок, Кралство Тајланд, 2006 година
Признание за учество во добротворна модна аукција организирана од ,,Конект“ и USAID, Скопје, 2023 година
Награда за илустрацијата „Буки“, (категорија на дигитална уметност), A’ Design Awards and Competition, Комо и Милано, Република Италија, 2024 година
Признание за учество во добротворна модна аукција организирана од ,,Конект“ и USAID, Скопје, 2024 година
Модни презентации
Гостин со авторска колекција на новогодишната гала ревија на YUCAN, МНТ, Скопје, 1992 година
Модна ревија за колекцијата ,,Принцот кројач“, Музеј на современата уметност, Скопје, 2000 година
Модна ревија за колекцијата ,,Лезет“, Музеј на современата уметност, Скопје, 2003 година
Дизајн и презентација на три комерцијални колекции за дизајн студиото ,,Фиа Фиа“, Скопје, 2005 година
Entangled fragments: ABC of curatorial black, Национална галерија на Македонија ,,Мала Станица“, Скопје, 2007 година (моден проект организиран од ,,Центарот за визуелни истражувања“, ,,Институт Евро-Балкан“)
Концептуална модна колекција Anti-depression Chic, 2009 година
Промоција на брендот La Sprezzatura, 2011 година
Презентација на сезонски колекции во рамки на ,,Модниот Викенд Скопје“, 2011-2014 година
Презентација на сезонски колекции преку продажното место ,,Никола Ефтимов“, 2014-2016 година
Групна модна ревија ,,Made in Macedonia: Современ дизајн накитен со минатото“, Музеј на Македонија, Скопје, 2017 година
Хуманитарна групна модна ревија организирана од ,,Мрдни со прст“, МКЦ, Скопје, 2018 годдина
Групна модна ревија ,,Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“, Музеј на Македонија, Скопје, 2018 година
Групни модни ревии и изложби, Интернационален институт за мода ,Изет Цури“, Скопје (различни локации), 2019-2024 година
Групна модна аукција организирана од ,,Конект“ како дел од проектот ,,Партнерства за донации“ на USAID, ,,Интермецо“ музички бар, Скопје, 2023 година
Групна модна аукција организирана од ,,Конект“ како дел од проектот ,,Партнерства за донации“ на USAID, ,,Лабораториум“, Скопје, 2024 година
Меѓународни соработки и презентации
Групна гала модна ревија за отварањето на саемот за мода во Лајпциг (Leipziger Moda Mese), Сојузна Република Германија, 1998 година
Презентација преку модна ревија на победничкиот дизајн на натпреварот организиран од „Кока Кола“ во Фиренца (Teatro Sachal Firenze), Република Италија, 2005 година
Дизајнер консултант за Idear Home Thoughts, Бангкок, Кралство Тајланд 2005-2006 година
Советник за млади дизјнери на „Ел модната недела Тајланд“ (Elle Fashion Week Thailand), Бангкок, Кралство Тајланд, 2005-2006 година
Соработка со интернационалниот сервис за модни предвидувања Fashion Snoops, Њујорк, 2009 година
Учество со дизајни на групната модна ревија под наслов Jazz and Fashion, организирана од амбасадата на САД во Р. Македонија
Дизајн на колекција со венчални и вечерни фустани за фирмата Beautiful Love Wedding од Сингапур, 2016 година
Соработка со дизајн платформите VIDA, Zazzle и Redbubble, 2016-2024 година
Самостојна модна ревија, дел од програмата на What You See Festival Symposium, „Хет Хуис“, Утрехт, Кралство Холандија, 2022 година
Групна интернационална изложба на дизајнерски проекти (учество со награден проект), A' Design Awards and Competition, Комо, Република Италија, 2024 година
Модна колекција „Кантакузина“, во соработка со модниот бренд „Маестра“ од Белград, Република Србија, 2025 година
Авторски костимографии и изложби
Дизајн на костимите за балетската претстава на Љубомир Бранѓолица „Збогување со Тања“, МНТ, Скопје, 1992 година
Дизајн на костимите за претставата на Д. Јовановиќ „Ослободување на Скопје“, режија Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, Скопје, 2002 година
Дизајн на костимите за претставата на Хенри Адамс „Соседи“, режија Јаниќијевиќ , Албанска драма, Скопје, 2004 година
Дизајн на костимите за музичко-театарскиот перформанс „Пролетна приказна“, композитор Стојан Стојков, Македонска опера и балет, Скопје, 2005 година
Дизајн на костимите, во соработка со неговите студенти од „Академија Италијана Скопје“, за балетот „Големата мајка“, кореографија и режија Јагода Сланева, либрето Ефтим Клетников, музика Оливер Јосифовски, 2007 година
Дизајн на костимите за претставата „Аферата Елсинор“, режија Љубиша Георгиевски, МНТ, Скопје, 2014 година
Дизајн на костимите за претставата „Сината птица“ од Морис Метерлинк, режија Златко Славенски, МНТ, 2014 година
Группа изложба на театраски костими, Музеј на град Скопје (кураторка Јасминка Намичева, дел од интернационалната програма CreArt), 2020 година
Дизајн на костимите за балетскиот перформанс (заеднички проект со студентите на Интернационалниот институт за мода ,Изет Цури“, Скопје) „Доктор Офболи“ на балетското студио „Балерина“, Фестивал на класичен балет и модерен танц, Национална опера и балет, Скопје, 2023 година
Групни ликовни изложби
„Жената како симбол и тема во делата на ликовните уметници“ Галерија „Кочо Рацин“, Скопје, 1994 година
Изложба на графики, „ИНТЕРФЕСТ“, Битола, 1994 година
Двеасета изложба на ДЛУМ, „Цртежи“, Скопје, 1994 година
Изложба на ДЛУМ, „Графика“, Скопје, 1995 година
Дваесет и прва изложба на ДЛУМ, „Цртежи“, Скопје, 1995 година
Триесет и осмо „Златно перо на Белград“ и четврто „Интернационално биенале на илустрација“, Белград, Париз, Скопје, 1996 година
„Македонски цртеж` '96“, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, 1997 година
„Интернационално триенале на графичката уметност“, Битола, 1997 година
Курсеви, семинари и работилници
Работилници за моден дизајн и серија предавања на теми од историјата на костимите и историјата на модата, Музеј на современата уметност, Скопје, 2001 година
Едногодишен курс „Вовед во модниот дизајн“, Културен центар „Точка“, Скопје, 2004-2005 година
Модни работилници, Blue Sky, Британски совет, Крушево, 2005-2006 година
Семинар за студентите на моден дизајн, „Природата на дизајнот“, „Академија Италијана Бангкок“, Кралство Тајланд, 2007 година
Предавање за модните категории и италијанскиот модел за воспоставување на автентичен дизајнерски производ, Универзитет „Евро-Балкан“, Скопје, 2012 година
Предавање за ненасилна мода, „Вегефест“ организиран од Анима Мунди, МКЦ, 2016 година