X
притисни ентер »

Кампус на Универзитетот ФОН

Предавањата на Универзитетот ФОН се одржуваат на новиот кампус на Универзитетот, кој се протега на површина од 30.000 квадратни метри и се наоѓа во општина Аеродром. Кампусот ги исполнува највисоките современи стандарди за работа и настава, како и барањата на ЕКТС (Европски кредитен трансфер и акумулација на системот).

Кампусот располага со амфитеатри со голем капацитет од 300 и 200 места, како и со многу училници и предавални, каде според ЕКТС, предавањата се одржуваат во мали групи од 25 до 35 студенти.

На наставата во сите факултети се применуваат принципите на Болонската декларација и моделот на ЕКТС. Овој тип на студии пред се им овозможува на студентите мобилност, следење на настава во помали групи, практични курсеви, учење на неколку странски јазици итн. Структурата на студиите, во зависност од факултетот, е 3+2 години студии или 4+1 години студии.

Првите две или три години, во повеќето факултети, се структурирани како општи студии, додека во четвртата година студентот се фокусира на помала област на експертиза. Наставата е интерактивна, а условите за настава се поставени така да одговараат на специфичните потреби на секој факултет.

Објектот е дизајниран да прими до 10.000 студенти и вклучува:

  • Современи амфитеатри
  • Училници
  • Читални
  • Библиотека
  • Книжарница

Студентите можат да го поминуваат слободното време во:

  • Фитнес сала
  • Фитнес центар
  • Боулинг сала
  • Сквош центар
  • Кафе бар
  • Интернет клуб

Целиот кампус е опремен со бежичен интернет, што овозможува студентите да бидат поврзани во секој дел од објектот.