X
притисни ентер »

Наставата на АУЕ -ФОН се организира во Универзитетски кампус во Скопје, на површина од околу 30.000 м2, каде што се обезбедени најсовремени услови за работа и за настава, приспособени на потребите на примената на ЕКТС. Универзитетскиот кампус располага со амфитеатри со голем капацитет од околу 300 и 200 седишта, но и со голем број помали предавални и училници во кои, во согласност со ЕКТС, наставата можат да ја следат помали групи, од 25 до 35 студенти.

Присутна е интерактивна настава, а условите за изведување на наставните активности се приспособени на потребите што ги налагаат спецификите на одредени факултети. Применувајќи го Европскиот трансфер-систем, АУЕ -ФОН особено става акцент на практичниот дел од наставата, на начин што конкретно посредува и преговара со институции каде што наши студенти можат во текот на летниот одмор практично да работат. Вниманието што го посветуваме на практичната настава и на организирањето практична работа за студентите е еден од сегментите по кои се разликуваме од државните универзитети, каде што поради масовноста во студирањето тоа не е возможно да се постигне.

Работното време на наставниот и соработничкиот кадар, како и на административниот и техничкиот персонал на Универзитетот е 8 часа, а службите што се во функција на информирање на студентот, пријавување испити и слично, се организирани во две смени.

Професорите и асистентите се во постојана комуникација со студентите. Неограничени се можностите за консултации во врска со испитниот материјал и за материјалот за полагање колоквиуми, како и во врска со сите други прашања од значење за студиите на соодветниот факултет. Овој поинаков пристап во комуникацијата е можеби најголемиот и најблагородниот придонес на приватното образование, кое ја разби крутоста во односот професор-студент.

Студентски услуги

  • Пријателски персонал;
  • Студентска помош и соработка;
  • Поддршка во студирањето со јасни информации;
  • Грижа и советување;
  • Универзитетска соработка;
  • Пласман на информации;
  • Работни ангажмани;
  • Финансирање и стипендирање;
  • Услови за студирање;
  • Голем број на електронски сервиси;
  • Организација на предавања, вежби, испити, семинари, студиски престој.

Компјутерски лабаратории

  • Добро опремени компјутерски лабаратории;
  • Најнови компјутерски системи;
  • Целосен Интернет пристап.

Библиотека

  • Библиотека со повеќе од 2000 наслови;
  • Практични помагала, учебници, скрипти, печат;
  • Можност за позајмување книги/материјли;
  • Материјали за испити, колоквиуми, вежби.

 

АУЕ - ФОН го презентираше концептот на дигитален универзитет, кој за прв пат се воведува во овие делови на Европа. 

Тоа значи дека студентите ќе ги имаат во електронска форма сите книги, комуникацијата ќе биде олеснета бидејќи ќе бидат поврзани со безжичен интернет и ќе може да разменуваат литература. АУЕ-ФОН купи и бази на странска литература која студентите ќе може да ја користат.

Студентите од било која точка на планетата во реално време ќе можат да се поврзат со своите асистенти и професори преку видео-конференциски врски.

Испитите и материјалите од предавањата да ги имаат достапни преку системот на интернет, а ќе можат и преку видео-конференција да ги користат ресурсите и да ги слушаат предавањата на еминентни професори од светските универзитети.

Универзитетот АУЕ-ФОН ова го прави со поддршка на Министерството за информатичко општество во насока на создавање на квалитетни високо-образовни кадри, и поддршка на агендата на владата за информатичко современо општество.

Повеќе за уписот во 2021/22 види во конкурсот за упис на студенти.