ИСТОРИЈА
Универзитетот е автономна приватна непрофитна високоoбразовна и научна институција, основан во 2003 година како Факултет за општествени науки. Основач на првиот приватен универзитет во државата е господинот м-р Фијат Цаноски. Во 2007 година, со воведување на нови академски области, станува Прв приватен универзитет-ФОН. Како резултат на значителниот подем во својот развој и големиот интерес за едукација, ФОН-Универзитетот освен во Скопје отвора три диспанзирани одделенија во Струмица, Гостивар и Струга.
Следејќи ги светските трендови во високото образование, а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите, во 2020 година универзитетот се ребрендира и се преименува во Американски универзитет на Европа-ФОН.
Универзитетот изминативе 22 години од своето постоење, постојано инвестира во својот раст и унапредување, затоа што сме свесни дека инвестициите во образованието ги покренуваат иновациите, креираат нови вредности и преставуваат клучна алатка за трансформација.
Па така, со континуираните инвестиции денес Американскиот универзитет на Европа-ФОН поставувува светски стандарди и услови за академски развој на секој поединец, ја стимулира конкуренцијата и придонесува за обликување на берзата на трудот.
Како водечка високообразовна институција во приватното образование, Американскиот универзитет на Европа - ФОН, во својот состав има факултети кои вршат наставна високообразовна дејност на прв и втор циклус на студии, а наскоро ќе започне и со трет циклус на студии, при што на студентите им овозможува да се едуцираат од најдобриот академски наставен кадар од земјата и од странство.
Дополнително, Универзитетот ги спојува знаењето и искуството, истражувањето и практиката, а мултидисциплинарниот пристап којшто го применуваме има стратешка улога во пресретнување на потребите на претприемништвото и за приспособување на студентите со промените со кои светот се соочува денес.
Од основањето до денес, на нашиот Универзитет своето високо образование на прв и втор циклус на студии го завршиле повеќе од 10 000 студенти, што претставува бројка за почитување и доказ за остварување на заложбите на универзитетот, да обезбеди знаење верифицирано со дипломи кои се подеднакво вреднувани како во земјата, така и во странство.
Американскиот универзитет на Европа - ФОН останува фокусиран на трансформација на животот и на заедницата преку квалитетно образование!
ВИЗИЈА
Да се забрза напредокот на општеството со оддржување на статус на најдобра етаблирана средина за учење, која континуирано го зачувува и пренесува знаењето во корист на мудроста на човештвото.
МИСИЈА
АУЕ-ФОН е високообразовна институција од дваесет и првиот век, која на посетителите им овозможува прогресивен и напреден начин на размислување, при што согласно агендата на ООН 2030, се поттикнува критичката мисла, приспособливоста, различноста и одржливоста.
ВРЕДНОСТИ
ПОСВЕТЕНИ на успех, на нашите студенти;
КВАЛИТЕТ со воспоставување на современи едукативни програми кои ги следат потребите и барањата на модерното општество;
ВЛИЈАНИЕ врз развојот на општеството;
КРЕАТИВНОСТ која се рефлектира во нашата отвореност за нови идеи;
ИНТЕГРИТЕT со етичко однесување во севкупната интеракција и воспоставување на перформанси што водат до постигнување на академски и кариерни цели;
ЕПМАТИЈА која се рефлектира во подобрување на човековата состојба и личниот развој на нашата заедница.