X
притисни ентер »

Почитувани студенти,

СТУДЕНТСКИ ГЛАС е ГЛАС за сите отворени прашања, дилеми, непријатни искуства, критика, но и за пофалби или нови иницијативи.

Вие сте прогресивна движечка сила која носи позитивни промени во општеството. Ниту една промена не може и не смее да се случи без да се слушне Вашиот глас. Затоа, Американскиот универзитет на  Европа – ФОН, како високобразовна институција во чиј фокус е студентот постојана практикува отвореност и соработката со професорите, соработниците, стручните служби и менаџментот.
 
Но сега, отвораме нов пристап со кој преку транспарентност и дијалог ќе ја зајакнеме нашата соработка и заеднички ќе го подобриме работењето на универзитетот. СТУДЕНТСКИ ГЛАС е нова алатка која ја ставаме во функција, како непосреден начин за меѓусебно поефикасно комуницирање.

 Потребен ни е Вашиот ГЛАС, да го споделите Вашето искуство, сознанија и перспективи за тоа каков универзитет Ви треба. И не само тоа, СТУДЕНТСКИ ГЛАС е ГЛАС за сите отворени прашања, дилеми, непријатни искуства, критика, но се разбира и за пофалби.
 
Ова е можност секој од Вас да биде слушнат, без никакви ограничувања.

Охрабрете се, пишете ни и искажете го анонимно Вашиот СТУДЕНTСКИ ГЛАС.
 
Само така, заеднички, обединети и одговорно ќе успееме да обезбедиме квалитетно образование преку кое ќе стекнете вистински вредности за вашата иднина!

На следниот линк се наоѓа формуларот преку кој може да ни пишете https://bit.ly/3GTq5ek

 
Ваш, АУЕ - ФОН