X
притисни ентер »
Политиката за квалитет на АУЕ - ФОН претставува основа за воспоставување, проверка и унапредување на сите дејности и процеси на една сеопфатна високообразовна институција каква што е АУЕ – ФОН, во согласност со Законот за високото образование, националните стратегии за образование, Европската стратегија за универзитетите, насоките од Европската асоцијација за обезбедување на квалитет во високото образование (European Association for Quality Assurance in Higher Education -  ENQA), ISO (International Organization for Standardization) - стандардите, националните прописи и принципите на болоњската декларација.
За успешно спроведување на Политиката за квалитет, АУЕ – ФОН поттикнува меѓусебна соработка на сите вработени (наставниот и ненаставниот кадар) и студентите, како и постојаната комуникација и соработка со Алумни заедницата, со другите високобразовни домашни и странски институции и стопанството. Целта на АУЕ – ФОН е преку квалитетно образование да обезбеди доверба и задоволство кај студентите, работодавците и вработените.

Политика за квалитет