Заедничка диплома CIFE NICA
Американскиот универзитет на Европа-ФОН и Европскиот Центар за Меѓународно Образование од Ница, Франција (Centre International de Formation Européenne – CIFE) воведуваат заедничка студиска програма за Напредни последипломски студии за интеграција во Европската Унија. CIFE е најстариот евро-федералистички институт во Европа, формиран во 1954 година во Ница, и еден од шестте корисници на поддршка на програмата Жан Моне на Европската Комисија. Претседател на CIFE e поранешниот претседател на Европскиот совет на ЕУ, г-динот Херман Ван Ромпуј. Претходно, функцијата ја извршуваше претходниот претседател на Европската Комисија, г-динот Жан Клод Јункер.
Целта на заедничката студиска програма е оспособување со вештини за разбирање на институционалната, правно-политичката и економската рамка на Европската Унија (ЕУ) како и со главните аспекти на интегрирањето на земјите од Западниот Балкан во Унијата. Професионалните вештини и компетенции за работа во и со ЕУ, како преговарање, подготовка на анализи и проекти, ќе бидат посебно акцентирани. Накратко, програмата е наменета за студенти но и за професионалци кои веќе имаат диплома од хуманистички, правни или општествени науки а сакаат да се специјализираат во областа на напредните студии за интеграции во ЕУ. Програмата се изведува на англиски јазик од врвни европски и домашни експерти.
Со студиската програма се стекнува заедничка диплома која ја издаваат АУЕ-ФОН и CIFE.
- Со целосно реализирана едногодишна студиска програма и стекнати вкупно 60 ЕКТС, односно вкупно 300 ЕКТС од прв и втор циклус студии, студентот се здобива со (научно) звање Магистер на Политички науки од областа на интеграцијата во Европската Унија.
- Називот на англиски јазик со кој се стекнува студентот по завршувањето на студиската програма е Master in Advanced European Union Integration Studies.
Услови и на кого се однесува:
- Кандидати со завршени соодветни четиригодишни студии од прв и втор циклус и стекнати 240 ЕКТС
- Кандидати кои имаат завршено други сродни студиски програми за кои се определуваат дополнителни услови за упис
Поволности:
- Квалитетно образование по меѓународни стандарди во изведба на врвни европски и домашни експерти
- Теоретска наобразба но и силен акцент на практичните, програмски и проектни, вештини за работа со и во ЕУ
- Можност за посета на најпознатите институции на ЕУ во Брисел, Стразбур и Луксембург.
- Заедничка диплома со национална и меѓународна акредитација[1]
- Нови можности за професионален развој и вработување во институциите на ЕУ
Начин на плаќање
- Можност за целосни или делумни стипендии
За подетални информации обратете се на следната електронска адреса: [email protected].
[1] CIFE е приватна институција во високото образавание со седиште во Ница и канцеларии во Брисел, Берлин и Истанбул која со заедничката диплома го потврдува успешното завршување на академската програма, притоа доделувајќи 60 ЕКТС на магистерско ниво.