проф. м-р Милош Милосављевиќ
Факултет за дизајн и мултимедија
Функција:
Декан, Дизајн
Образование:
Предмети:
Кратка биографија:
2004/2008. Магистер по ликовни уметности – областа : Сликарство. Во 2004.година станува стипендист на Министерството за наука на Владата на РМ и запишува постдипломски студии на Факултет за ликовни уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, кај професорот Родољуб Анастасов. Магистерскиот труд на тема „УРБАНИ АСОЦИЈАЦИИ“. го брани 2008.година ;
1999/2004 Дипломиран сликар
Дипломирал на Факултет за Уметности во Ниш, на оддел за Сликарство, „Универзитет во Ниш“, во класа кај проф. м-р. Ѓуро Радоњиќ ;
1994/1999. Гимназија „Бора Станковиќ“ Врање, Р. Србија;
2004/2005. „Semos academy“ Скопје
Компјутерски „Аdobe“ програми за Графички дизајн (Ilustrator, Photoshop i In Design)
Кариерен развој :
2015. Доцент на Факултет за дизајн и мултимедија; прв и втор циклус на студии; стручно-уметники предмети од областа ликовна уметност и дизајн; ФОН Универзитет, Скопје, Р. Македонија ;
2010/2015. Предметен наставник по Ликовна уметност во ПСУ „Петта приватна гимназија‘‘, Скопје и Струга, Р. Македонија ;
2012/2014. Графички дизајнер во сектор за маркетинг во ПСУ „Петта приватна гимназија“, Скопје, Р. Македонија ;
2008/2015. Председател на Здружение на граѓани; за усовршување, едукација и потик на млади таленти од областа на уметноста у природните науки „ЕДУКАЦИЈА 5“; Како дел од здружението го води атељето за ликовна и применета уметност „Ликовна работилница“, Скопје, Р. Македонија ;
2007/2008. Графички дизајнер на проект HRDF фаза III, финансиран од Европска Агенција за развој, имплементиран од “Ecorys”, Ротердам-Холандија ;
2006/2007. Графички дизајнер на проект HRDF фаза II, финансиран од Европска Агенција за развој, имплементиран од “East West Consulting” , Брисел – Белгија ;
2004/2010. Надворешен соработник за дизајнерско - графичка подготовка на промотивни и рекламни материјали за : “Eugene Perma”, Paris – France, Samerimpex - “Impulsi” Скопје, “SKOPJE HAIR SHOW”, “БАЛКАН ДЕЛО” Скопје, и “ВИНОФЕСТ ’06”Скопје.
2003/2011. Сценограф и реставратор; постојан соработник на проекти поврзани со естетско - сценски обликувања за потреби на различни културно-уметнички манифестации, како и работи врзани со ревставрација и конзервација на цркви и споменици на култура во Р. Грција. „Mati“, Катерини, Р.Грција
Изложбени активности :
Имал седум самостојни изложби, учествувал над триесет интернационални биенали и групни изложби.
Самостојни изложби :
2013 : Изложба ’’УРБАНИ АСОЦИЈАЦИИ’’ – Галерија ’’Србија’’,Ниш, Р.Србија ;
2012 : Изложба ’’ УРБАНИ АСОЦИЈАЦИИ’’ – Дом на АРМ, Скопје ;
2010: Изложба “УРБАНИ АСОЦИЈАЦИИ” – Галерија Мати ,Катерини , Р..Грција;
2008 : Изложба“УРБАНИ АСОЦИЈАЦИИ” – Национална Галерија на Македонија – ’’Мала станица’’, Скопје ;
2008 : Изложба на слики – Ликовен Салон Велес ;
2006: Изложба на слики – Хотел “Capsis” , Солун , Р.Грција ;
2006: Изложба на слики – Галирија Народног Универзитета, Врање, Р. Србија.
Групни изложби и биенали :
’’ Зимски Салон’’ НГМ Скопје (2010 год.), Изложба на членовите’’ ДЛУМ’’, Музеј на град Скопје (2009 год.), Биенале на минијатура, ’’КИЦ’’ Скопје (2009 год.), Годишна изложба на ’’УЛУС’’, Павиљон ’’Цвијета Зузориќ’’, Белград (2008 год.), Биенале на мал формат, Галерија ’’МОСТ’’, Нови Сад* (2008 год.), Биенале на на уметници до 35 години, Ниш, Србија (2007 год.), Зимски Салон, Галерија Народног Музеја Врање (2003 - 2007 год.), Изложба на Колонија’’Врање 2005’’’, Галерија на Народен Универзитет (2005 год.), Изложба ’’ХУК 2003’’, Бачки Петровац, Изложба ’’ХУК’’Нови Сад (2001 год.) ; Во период 2000/2004. учествувал на студентски изложби во Ниш, Белград, Нови Сад, Косовска Митровица, Алексинац, Деспотовац, Крагујевац, итн.
Ликовни колонии :
- Ликовна колонија ’’Врање 2005’’(2005) ;
- Ликовна колонија ’’Сиќево’’(2004) ;
- ’’ХУК 2003’’Бачки Петровац (2003) ;
- „ХУК 2001„ Нови Сад (2001) .
Сценографии, реставрации, фрескописи, мурали :
- Во период од 2003 до 2015 година, учествувал во реализација на над 160 сценографии и над 60 мурали и декорациикои кои биле изработувани за потреби на разни културно – уметнички манифестации во градовите : Солун, Катерини, Верија, Науса и Лариса во Р.Грција, како и во градот Тревизо во Р. Италија ;
- Црковниот Храм „Света Троица„ Врање Р.Србија, Храм „Свети Никола„ Ниш Р.Србија, Црква „Пресвета Богородица„ Аспровалта Р.Грција, Црква „Света Параскева„ село Карица, Р.Грција, се дел од црковните објекти во кои Милош Милосављевиќ учествувал во реставрација или осликување на фрескописот.
Менторство :
- 2015. Студентите на втора година на Факултетот за дизајн и мултимедија, ФОН Унверзитет, под менторство на Милосављевиќ изработиле два мурали во Зоолошката градина во Скопје.
- 2014/2015. Учениците на ПСУ „Петта приватна гимназија‘‘,изработели два мурали. Првиот е изработен во Зоолошката градина во Скопје во април 2011. Година; вториот во фоајето на ПСУ „Петта приватна гимназија‘‘ во мај 2014. година ;
- 2013. Ученикот на ПСУ „Петта приватна гимназија‘‘, Александар Спасовски освојува Прво место за Плакат на тема „Комуникации‘‘на конкурсот распишан од страна на мобилниот оператор ВИП ;
- 2012. Група на ученици на ПСУ„Петта приватна гимназија‘‘, под менторство на Милосављевиќ изработуваат плакат кој е дел од редовната поставка во „Спомен куќата на Тоше Проески‘‘ во Крушево ;
- 2008/2015 Од над 220 лица кои посетувале курсеви по ликовната и применета уметност, 37 го продолжиле образованието на некој од уметничките факултети, архитектонски факултет, градежен факултет или Средно уметничко училиште. Како дел од активностите на атељето биле организирани четри изложби на членовите ;
- 2008. Ученичката Ангела Таневска освојува второ место во категорија -Цртеж до 12 години-, на Интернационален ликовен натпревар во Велико Трново, Бугарија .
Студиски престои, посети и стручни усовршувања:
Како студент на Ф.У. Ниш, реализирал неколку студиски патувања каде се стекнува со нови искуства и знаења од областа на фреско сликарство и реставрација :
- Виена, Р. Австрија - 2004 година ;
- Света Гора, Р.Грција - 2002 година ;
- Манастир Манасија, Деспотовац Р.Србија - 2001 година .
На Европската олимпијада за студенти од уметничките факултети во Литокоро, Р.Грција, патува 2003. година и го претставува Нишкиот Универзитет.
Награди:
- Grand prix доделен од фондација ACES, за креативост и иновативност покажана при имплементација на проект од областа на образование на ниво на Централна и Југоисточна Европа, 2014 година:
- Откупна награда на Зимски ликовен салон во Врање, Србија, во 2004 година.
Здружениjа:
Член е на Друштво на ликовни уметници на Македонија -’’ДЛУМ’’ од 2007 година