ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС НА АМЕРИКАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА ЕВРОПА - ФОН
Прв циклус на студии
Право на запишување во прва година на прв циклус студии, за прв пат, имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование кои имаат положено државна или меѓународна матура. Право на запишување имаат и кандидатите кои завршиле средно образование пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, како и кандидатите кои завршиле средно образование во учебната 2019/2020 година и не полагале државна матура поради COVID пандемијата.
Документација:
- Свидетелства или транскрипт од сите четири години на средно образование;
- Диплома за завршено средно образование со положена државна односно меѓународна матура;
- Извод од матична книга на родените;
- Уверение / Решение за државјанство;
- Уплата на првата рата од школарината;
- Две фотографии;
- Потврда за уплата на вкупно 1.500,оо денари за издавање на индекс, студентска легитимација и студентска организација (еднократна уплата за целокупното студирање на прв циклус студии).
Кандидатите кои се странски државјани се запишуваат на студии под исти услови. Странските државјани кои за прв пат се запишуваат на прв цилкус студии на македонски јазик, односно албански или англиски јазик доставуваат и потврда за познавање на јазикот на ниво најмалку Б2. Во случај кандидатите кои се странски државјани да не поседуваат потврда за познавање на јазик, истите можат да се запишат само на Програмата за јазична и академска подготовка или испитот за јазична проверка да го полагаат на АУЕ - ФОН.
Втор циклус на студии (IV и V година)
Потребни документи за пријавување и запишување:
- Пријавен лист
- Диплома / уверение за завршен прв циклус студии;
- Додаток на диплома;
- Извод од матична книга на родените;
- Уверение / решение за државјанство;
- Уплата на првата рата од годишната школарина;
- Две фотографии;
- Потврда за уплата на вкупно 1.500,оо денари за издавање на индекс, студентска легитимација и студентска организација (еднократна уплата).
Кандидатите за запишување на студиската програма за дизајн и мултимедија, покрај наведените документи доставуваат портфолио.
Кандидатите кои претходното образование го стекнале во странство треба да имаат решение од Министерството за образование и наука за признавање на странска дипломa (нострификација).
Кандидатите кои се странски државјани се запишуваат под исти услови. Странските државјани кои за првпат се запишуваат, доставуваат и потврда за познавање на македонски јазик на ниво Б2. Странските државјани кои за првпат се запишуваат на студии на англиски јазик, доставуваат и меѓународно призната потврда за познавање на англиски јазик на ниво Б2. Доколку немаат потврда за познавање на македонски јазик, односно на англиски јазик, истите можат да се запишат само на Програмата за јазична и академска подготовка и/или испитот за јазична проверка да го полагаат на АУЕ - ФОН.
Сите документи се доставуваат во оригинал, секој ден од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот во просториите на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.
Адреса: Бул. „Киро Глигоров“ бр. 5
Контакт: 02 / 2445-505/501; 070-345-999,