X
притисни ентер »
доц. м-р Марк Јанура
Факултет за дизајн и мултимедија

Функција: Дизајн
Образование:
Предмети:


Кратко наративно био:

Марк Јанура е роден во Скопје, Македонија на 30.10.1985г. Завршува средно образование во гимназија “Д.С.У. Орце Николов”. Во 2009 година дипломира на Факултет за ликовни уметности при Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје, на одсек Графика и Графички дизајн. Во 2021 година магистрира на Машински факултет при Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје, на одсек Индустриски дизајн и маркетинг и се стекнува со академски назив магистер на технички науки по индустриски дизајн и маркетинг со интердисциплинарен проект - магистерска работа на тема „Биоинспирирани кинетички структури за примена во дизајнот, архитектурата и уметноста“ со кој го заокружува своето формално образование. Во 2021г. се стекнува со настaвно звање доцент и предава како предметен професор од областа Графика и графички техники и Графички дизајн, на Факултетот за дизајн и мултимедија, при Американски Универзитет на Европа – ФОН, Скопје. Од дипломирањето до денес Јанура професионално се занимава со графички и индустриски дизајн. Низ годините тој има работено во истакнати графички студија во Скопје. Во 2015г. тој основа свое дизајн студио. Повеќе од 15 години се занимава со креирање на идејно графички решенија кои опфаќаат: лого дизајн, визуелен идентитет, печатени медиуми, бренд идентитет, дизајн на етикети, промоции, package design, веб дизајн, user interface, user experience и индустриски дизајн. За неговата успешна работа говорат многуте задоволни клиенти и брендови кои преку неговите дизајн решенија создале свесност за нивната дејност и успех во нивното работење.