X
притисни ентер »

Центар за кариера и алумни, АУЕ-ФОН
 

Регистрирајте сè и станете дел од нашата АЛУМНИ ЗАЕДНИЦА!

Една од клучните вредности на Американскиот универзитет на Европа – ФОН е континуираната поддршка за личниот и професионален развој на студентите и алумните. Со спојување на формалното и неформалното образование и силна поврзаност со јавниот и приватниот сектор, Центарот за кариера и алумни секојдневно вложува во градење на компетентни и самоуверени млади професионалци.

Преку современ и системски пристап, Центарот ги става студентите во фокус, овозможувајќи им пристап до практични вештини и реални можности за кариера, преку програми дизајнирани да одговорат на актуелните барања на пазарот на труд.

Што нуди Центарот?

  • Кариерно советување и менторски програми

  • Практични обуки, тренинзи и летни школи

  • Конференции и семинари

  • Можности за пракса и вмрежување со компании

  • Поддршка при вработување и препораки

  • Постојана комуникација со алумни за зајакнување на заедницата

  • Програми за доживотно учење

  • Годишен саем за кариера и алумни

Саемот за кариера и алумни – Место каде се среќаваат талентот и можноста

Овој настан е повеќе од обична средба – тоа е простор каде студентите директно се поврзуваат со работодавачи, добиваат информации од прва рака за изградба на својата кариера и имаат шанса да најдат работа, стажирање или да се вклучат во проекти и истражувања.

Зошто да се вклучите?

Центарот не е резервиран само за студентите на АУЕ-ФОН – тој е отворен за сите кои сакаат да инвестираат во својот развој. Без разлика дали сте средношколец, студент, професор, менаџер или професионалец од било кој сектор – тука ќе најдете поддршка, ресурси и насока што ќе ви помогнат да напредувате.

Со тим од посветени професионалци и обучени студенти, Центарот работи во партнерство со образовни институции, компании и организации од јавниот и непрофитниот сектор. Преку отворени канцеларии, веб-платформа и медиумска поддршка, Центарот за кариера и алумни претставува вистинско место за секој што сака да го креира својот успех.

Превземи документ

Превземи документ

Превземи документ

Превземи документ

Спроведени активности