X
притисни ентер »
доц. д-р Еркан Алили
Факултет за економски науки

Функција: Економски
Образование:
Предмети:


Одлука за избор во наставно-научно звање

Образование

2025 Доктор на науки (Финансии и осигурување)
Докторска дисертација: „Односот помеѓу маркетингот и финансиите во современите технолошки решенија кои се користат во деловниот менаџмент"
ВУЗФ Универзитет, Софија, Бугарија (просек 9,11)

2016 Магистер по економски науки од областа на маркетингот
АУЕ-ФОН Универзитет, Скопје (просек 8,63)

2013 Дипломиран филолог по турски јазик и книжевност
Филолошки факултет „Блаже Конески", Скопје (просек 8,77)

Академска кариера

Д-р Еркан Алили е роден на 14 јуни 1977 година во Тетово. Средното образование го завршува во СЕПУГС „Арсени Јовков" во Скопје. Додипломски студии завршува во 2013 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", на катедрата за турски јазик и книжевност, со просек 8,77. Во 2016 година на АУЕ-ФОН завршува постдипломски студии (втор циклус) и се стекнува со титулата магистер на економски науки од областа на маркетингот, со просечен успех 8,63. Во 2025 година ги завршува докторските студии на ВУЗФ Универзитетот во Софија, со просек 9,11, со одбранет докторски труд и се здобива со титулата доктор по економија (финансии и осигурување).

Во текот на своето образование, активно учествува на бројни семинари и обуки во областа на меѓународниот бизнис и маркетинг комуникациите, како и на конференции за подобрување на соработката помеѓу државите од регионот, со што ги продлабочува своите професионални компетенции. Во периодот од 2013 до 2015 година волонтира на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 17.03.2015 година до денес работи како координатор за упис при АУЕ-ФОН Универзитет.

Докторска дисертација

Докторската дисертација на тема „Односот помеѓу маркетингот и финансиите во современите технолошки решенија кои се користат во деловниот менаџмент" е одбранета на 07.02.2025 година на Факултетот за економски науки при Универзитетот ВУЗФ во Софија. Со одбраната кандидатот се стекнува со академскиот степен доктор по економија (финансии и осигурување).

Научно-истражувачка дејност

Автор е на пет научни трудови, презентирани на конференциите на Македонското здружение за маркетинг „МАРКЕТИНГ" – Скопје, во периодот 2023–2024 година. Истражувачкиот фокус е насочен кон односот помеѓу финансиите и маркетингот во деловното работење, како и кон улогата на финансирањето и сметководството во менаџментот на компаниите.

Листа на објавени трудови:

  1. „Significance of finance and accounting in business companies", Македонско здружение за маркетинг „МАРКЕТИНГ" – Скопје, Скопје, 2023, бр. 17.
  2. „Relations between Republic of North Macedonia and Turkey: historical perspective and current status", Македонско здружение за маркетинг „МАРКЕТИНГ" – Скопје, Скопје, 2024, бр. 19.
  3. „The differences and the meaning on finances and marketing in the company", Македонско здружение за маркетинг „МАРКЕТИНГ" – Скопје, Скопје, 2024, бр. 19.
  4. „Financing marketing in the company", Македонско здружение за маркетинг „МАРКЕТИНГ" – Скопје, Скопје, 2024, бр. 20.
  5. „The impact on financial aspects on marketing in the companies", Македонско меѓународно научно списание „МАРКЕТИНГ", Скопје, 2024, бр. 20.