проф. д-р Катерина Апостолска Ди Сиро
Факултет за информатика
Функција:
Информатика
Образование:
Предмети:
Одлука за избор во наставно-научно звање
Катерина Апостолска Ди Сиро дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што ја започнала својата професионална кариера во областа на ликовните и применетите уметности. Поттикната од интересот за новите технологии и интердисциплинарните уметнички практики, ги продолжила своите постдипломски студии во областа на дигиталната уметност, при што стекнала магистерска и докторска титула на Универзитетот за уметности во Белград.
Од 2007 година, Катерина работи како универзитетски професор, придонесувајќи во развојот и реализацијата на академските програми на сите циклуси на студии. Нејзината наставно-образовна дејност е насочена кон интердисциплинарната уметничка пракса, дигиталната уметност и новите медиуми, со особен фокус на поттикнување и развој на креативните потенцијали на студентите и стекнување напредни знаења за дигиталните технологии и современите уметнички пристапи.
Нејзината уметничка и академска работа е презентирана и на меѓународно ниво преку бројни изложби, фестивали, работилници и интердисциплинарни уметнички проекти.