X
притисни ентер »
лектор м-р Зоран Механџиски
Факултет за странски јазици

Функција: Јазици
Образование:
Предмети:


Кратко наративно био:

Дипломира во 1997 на Катедрата за источнословенски и западнословенски јазици и книжевности (наставна насока) на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Во јануари 2006 година со одбраната на  магистерскиот труд на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“, под наслов Категоријата таксис и нејзиниот израз во рускиот и во македонскиот јазик стекнува право на научен степен Магистер на филолошки науки.

Положил и државен стручен испит за настава по македонски и руски јазик.

На АЕУ-ФОН е вработен од основањето до денес и има повеќегодишно работно искуство како предавач по македонски и руски јазик, работи и на повеќе раководни и одговорни функции поврзани со наставата и оценувањето:

- Директор на ПСУ ,,Петта приватна гимназија“;

- Директор на Центарот за подготвителна настава и тестирање за странци при АУЕ- ФОН;

- Оценувач на државна матура, за проверка и оценување на екстерниот испит по наставниот предмет македонски јазик и литература избран од страна на ДИЦ при МОН;

- Активно учествува во проектот “Фабрика на знаење” – проект на АЕУ- ФОН и бизнис заедницата.

Покрај тоа, активно е вклучен и во неколку стручни комисии:

-Претседател на Комисијата за самоевалуација;

-Претседател на Комисијата за признавање на испити на ФСЈ.

Од 2009 година до денес учествува во повеќе проекти поврзани со образованието и наставата во РСМ:

- Проект за модернизација на образованието-МОН и БРО;

- Акредитиран обучувач од Бирото за развој на образованието на програмите:

     Методи и постапки за планирање на наставата и вреднување и оценување на постигањата на учениците;  

Стратегии и техники на подучување и учење и Објективно оценување со тестови на знаења.

Предмети кои предава/л:

Во текот на својот наставен ангажман на АЕУ-ФОН ги предава следниве предмети:

  1. Македонски јазик,
  2. Македонски јазик за странски студенти,
  3. Македонски јазик (немајчин);
  4. Руски јазик како јазик Б,
  5. Руски јазик како јазик Ц,
  6. Руска цивилизација,
  7. Деловен руски јазик,
  8. Руски јазик во струка (право, економија, детективи);
  9. Академско пишување.

Теми и области во кои менторира дипломски работи и магистерски трудови:

  1. Наука за јазикот
  2. Поле-лингвистика

Истражувачки интерес:

Наука за јазикот – Македонистика,

Славистика, Граматика, семантика, семиотика,синтакса.

Објавени трудови: 

,,Функционално-семантичкото поле резултативност во рускиот и во   македонскиот јазик“, Вестник Московского университета. Серия 19. Лингвистика и межкультурная коммуникация.  2009. ( VIII ежегодная Международная научная конференция «Языки в современном мире») 
,,За семантичката структура на глаголите што означуваат движење“,  Вестник Московского университета. Серия 19. Лингвистика и межкультурная коммуникация.  2010. (IX ежегодная Международная научная конференция «Языки в современном мире») 

,,Категоријата таксис и нејзиниот израз во рускиот и во македонскиот јазик“, Скопје, 2012.