лектор м-р Зоран Механџиски
Факултет за странски јазици
Функција:
Јазици
Образование:
Предмети:
Кратко наративно био:
Дипломира во 1997 на Катедрата за источнословенски и западнословенски јазици и книжевности (наставна насока) на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
Во јануари 2006 година со одбраната на магистерскиот труд на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“, под наслов Категоријата таксис и нејзиниот израз во рускиот и во македонскиот јазик стекнува право на научен степен Магистер на филолошки науки.
Положил и државен стручен испит за настава по македонски и руски јазик.
На АЕУ-ФОН е вработен од основањето до денес и има повеќегодишно работно искуство како предавач по македонски и руски јазик, работи и на повеќе раководни и одговорни функции поврзани со наставата и оценувањето:
- Директор на ПСУ ,,Петта приватна гимназија“;
- Директор на Центарот за подготвителна настава и тестирање за странци при АУЕ- ФОН;
- Оценувач на државна матура, за проверка и оценување на екстерниот испит по наставниот предмет македонски јазик и литература избран од страна на ДИЦ при МОН;
- Активно учествува во проектот “Фабрика на знаење” – проект на АЕУ- ФОН и бизнис заедницата.
Покрај тоа, активно е вклучен и во неколку стручни комисии:
-Претседател на Комисијата за самоевалуација;
-Претседател на Комисијата за признавање на испити на ФСЈ.
Од 2009 година до денес учествува во повеќе проекти поврзани со образованието и наставата во РСМ:
- Проект за модернизација на образованието-МОН и БРО;
- Акредитиран обучувач од Бирото за развој на образованието на програмите:
Методи и постапки за планирање на наставата и вреднување и оценување на постигањата на учениците;
Стратегии и техники на подучување и учење и Објективно оценување со тестови на знаења.
Предмети кои предава/л:
Во текот на својот наставен ангажман на АЕУ-ФОН ги предава следниве предмети:
- Македонски јазик,
- Македонски јазик за странски студенти,
- Македонски јазик (немајчин);
- Руски јазик како јазик Б,
- Руски јазик како јазик Ц,
- Руска цивилизација,
- Деловен руски јазик,
- Руски јазик во струка (право, економија, детективи);
- Академско пишување.
Теми и области во кои менторира дипломски работи и магистерски трудови:
- Наука за јазикот
- Поле-лингвистика
Истражувачки интерес:
Наука за јазикот – Македонистика,
Славистика, Граматика, семантика, семиотика,синтакса.
Објавени трудови:
,,Функционално-семантичкото поле резултативност во рускиот и во македонскиот јазик“, Вестник Московского университета. Серия 19. Лингвистика и межкультурная коммуникация. 2009. ( VIII ежегодная Международная научная конференция «Языки в современном мире»)
,,За семантичката структура на глаголите што означуваат движење“, Вестник Московского университета. Серия 19. Лингвистика и межкультурная коммуникация. 2010. (IX ежегодная Международная научная конференция «Языки в современном мире»)
,,Категоријата таксис и нејзиниот израз во рускиот и во македонскиот јазик“, Скопје, 2012.