Доделување на дипломи!
Почитувани,
Ве информираме дека за студентите што дипломирале во периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година, организираме настан за доделување на дипломите на ден 01.10.2026 година (четврток), со почеток во 13:00 часот, во просториите на N99 Event Center на Универзитетот.
Уплата за диплома:
•3000 денари за студенти на прв циклус и
•5000 денари за студенти на втор циклус на студии.
Уплатата за диплома треба да се изврши најдоцна до 25.09.2026 година.
Студентите што сакаат да бидат облечени со тога, треба да уплатат дополнителни 1200 денари.
Вашето присуство е задолжително да го потврдите на следнава е-пошта: ceremonija@fon.edu.mk најдоцна до 25.09.2026 година.
На денот на подигнување на дипломата, со Вас задолжително носете ги уплатниците за диплома и за тога.
Со почит,
АУЕ-ФОН