Креирај дома. Продавај глобално. - N99 Самит
Почитувани студенти,
Ве информираме дека на 09 мај 2026 година (сабота) ќе се одржи N99 AI Deep Tech Summit, во рамки на N99 Tech Park, на адреса: Бул. Киро Глигоров бр. 5, Скопје.
Настанот ќе се одржи во период од 09:00 до 15:00 часот, при што ќе бидат реализирани пет експертски панел-дискусии со истакнати говорници и лидери од технолошката индустрија. Темите ќе ги опфатат најновите трендови и иновации во областа на вештачката интелигенција и deep-tech индустријата.
Овој настан претставува одлична можност за:
- вмрежување со експерти од индустријата
- стекнување практични знаења
- запознавање со актуелни технолошки трендови
Сите заинтересирани студенти се поканети да присуствуваат.
Регистрација на следниот линк.
Со почит,
АУЕ ФОН