Оглас за избор на ректор
Согласно член 97, став 3 од Законот за високото образование и член 67, став 2 од Статутот на Американскиот универзитет на Европа - ФОН, Универзитетскиот сенат, на седницата одржана на 27.12.2023 го распиша следниот:
О Г Л А С
ЗА ИЗБОР НА РЕКТОР
Се распишува јавен оглас за избор на ректор на Американскиот универзитет на Европа - ФОН.
Покрај општите услови за работа, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:
- да имаат стекнато научно звање доктор на науки;
- да имаат актуелно наставно-научно звање редовен професор;
- да имаат искуство во раководење на високо-образовна установа.
Кандидатите треба да ги приложат следните документи:
- CV;
- диплома за стекнто научно звање доктор на науки;
- одлука за избор во наставно-научно звање редовен професор;
- програма за работа.
Доколку кандидатите стекнале научно звање доктор на науки во странство, трба да приложат и нотарски заверен превод од дипломата, на македонски јазик, и решение за признавање образовна квалификација стекната во странство (нострификација), издадено од Министерството за образование и наука. Доколку кандидатите го стекнале наставно-научното звање редовен професор на странска високо-образовна установа, треба да проложат и нотарски заверен превод, на македонски јазик, од одлуката за избор.
Ректорот се избира за временски период од три години.
Рокот за пријавување на кандидатите изнесува 15 дена од денот на објавувањето на овој оглас.
Пријавите на кандидатите кои не ги исполнуваат условите од овој оглас, како и нецелосните и ненавремените пријави ќе бидат отфрлени.
Пријавите се поднесуваат во архивата на Американскиот универзитет на Европа - ФОН или по пошта на: бул. Киро Глигоров бр. 5, Скопје.