Студентите од Факултетот за детективи и безбедност, во периодот од 23 до 26 мај, реализираа практична обука по предметот "Топографија и тактика во природни услови'' (летни) во близина на Струга.
За реализација на обуката посебно сме благодарни на инструкторот за преживување Панајот Чоровски, инструкторите од специјалната единица "Волци" при АРМ и наставниот кадар од Факултетот за детективи и безбедност, со чија помош студентите се стекнаа со знаења и вештини од областа на топографија, тактика, преживување во природа, ракување со оружје и алпинизам.







