Публикација на истражувањето на тема „Учеството на младите во политичкиот живот на Република Северна Македонија“
Студентите од Факултетот за правни и политички науки спроведоа истражување на тема „Учеството на младите во политичкиот живот на Република Северна Македонија“.
Спроведувањето на проектот со учеството на младите во политичкиот живот на Република Северна Македонија како централна тема е компонента на предвидената едногодишна програма за работа на Факултетот за правни и политички науки.
Преку проектот се адресира (потребата и) важноста на зголеменото учество на младите во процесите на креирање политики за млади. Воедно преку проектот, Факултетот за правни и политички науки, имаше за цел да ја подигне свеста на младите за значењето на нивното учество во општеството.
Паралелно со тоа, овој проект им овозможи на студентите да пристапат истражувачки, добиените резултати да ги потврдат преку методите на научно-истражувачка работа, да дадат критички осврт и квалитативен опис.
Публикацијата и резултатите од истражувањето можат да се видат на следниот линк