X
притисни ентер »

Централен регистар со гостинско предавање пред студентите од Факултетот за економски науки при АУЕ - ФОН.

Студентите од Факултетот за економски науки при АУЕ-ФОН  денес имаа можност да присуствуваат на гостинско предавање на тема „Централен регистар - база на македонската економија и бизнис“.

Предавачот м-р Ирена Лазарова како раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност при Централен регистар на Република Северна Македонија ги запозна студентите со местото и улогата на Централниот регистар во македонската економија, со можностите за основање и регистрација на претпријатија, како и со регистрите и базите на податоци кои се водат во оваа институција.

Деканот проф. д-р Саво Ашталкоски заблагодарувајќи се за предавањето истакна дека Факултетот за економски науки при АУЕ-ФОН ги следи потребите и барањата на студентите и обезбедува настава која во делови ја дополнува со практичната настава и едукативните предавања од стручни и професионали лица со цел поквалитетно и посеопфатно едуцирање на новите генерации носители на економскиот развој. Овие едукативни предавања од страна на партнери на униврзитетот, се можност студентите да ја прошират теоријата, односно да се збогатат со искуства и знаење пренесени од страна на професионалци од различни области.

Студентите покажаа голем интерес за ова предавање и задоволство од укажаната можност и покана да присуствуваат во просториите на Централниот регистар и одблиску да се запознаат со нивното работење.