ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА
Почитувани студенти,
корупцијата е општествено негативна појава и проблем за квалитетна и ефикасна високото образовна дејност. Во таа насока, АУЕ - ФОН води политиката на спречување на корупцијата во високото образование, преку дизајнирање на ефективна антикорупциска стратегија.
Доколку сте се соочиле со некоја од различните форми преку кои се манифестира корупцијата во високото образование, со цел да ни овозможите да формираме соодветен антикориупциски пристап за да ја превенираме и спречиме оваа појава, а со тоа да го зачуваме и интегритетот на Универзитетот, Ве молиме доставете анонимна пријава за корупција (усно или во писмена форма) до овластеното лице за прием на пријави на корупција на АУЕ – ФОН, проф. д-р Александра Србиновска Дончевски, која е назначено лице согласно Член 107 од Законот за високото обазование.
Анонимнaта пријава за корупција може да испратите на следната e-mail адреса: [email protected]
НАПОМЕНА: Ве информираме дека овластеното лице е должно да ги заштити личните податоци на пријавувачот, односно податоците кои можат да го откријат идентитетот на пријавувачот кој бара да биде анонимен или пријавува доверливо, согласно со прописите за заштита на личните податоци и да го информира пријавувачот кој е познат за преземените мерки во врска со пријавата без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата.
Со почит,
Ваш АУЕ- ФОН