Студентите од Факултетот за спортски менаџмент завршија курс по скијање
Студентите од Факултетот за спортски менаџмент при Американскиот универзитет на Европа – ФОН, завршија уште еден успешен курс по скијање. За време на неколку дневната практична настава, нашите студенти ги совладаа основните техники на скијањето, ја запознаа планината и се соочија со предизвиците кои таа ги носи. Иднината се гради со доверба, тимска соработка, почит и взаемна комуникација. Затоа, честитки до тимот на студенти и менторите проферсор Александар Поповски и професор Тања Китановска Стојковска за ентузијазмот и посветеноста за градење на силни и здрави личности, подготвени за справување со сите предизвици кои спортот ги носи со себе.







