Настава на отворено за студентите од Факултетот за детективи и безбедност
Факултетот за детективи и безбедност при Американскиот универзитет на Европа – ФОН во рамките на задолжителната програма за студентите, реализираа уште една неколкудневна настава на отворено за стекнување на тактики и вештини за снаоѓање во зимски услови.
Логорување, вежби за спасување на лица затрупани од лавина, ориентација и снаоѓање во просторот беа само дел од предвидените активности студенти од Факултетот за детективи и безбедност, кои под раководство на наставниот кадар имаат можност да стекнат големо животно искуство пренесено од страна на искусните лица од Армијата на РСМ и од Црвениот Крст.
Наставата на отворено се организира редовно како дел од практичната настава за нашите студенти од Факултетот за детективи и безбедност. Со стекнатите вештини од наставата на отворено во зимски услови се зајакнуваат личните способности и карактерот на студентите, овозможувајќи им да бидат целосно подготвени за нивната идна професионална кариера.
Упорната работа и посветеност секогаш води од успех. Затоа, нашата иднина е она во што вложуваме денес!





