Студентите имаа вежби по гаѓање во таргет
Студентите од Факултетот за детективи и безбедност во рамките на практичната настава по предметот „Ракување со оружје“ имаа вежби по гаѓање во мета/таргет. Практичните вежби се оддржаа во цивилното стрелиште „Таргетс“ кое се наоѓа кај Калето во Скопје, а под менторство на професорот Мухамет Рачај и проф.д-р Митасин Беќири, декан на Факултеот за детективи и безбедност.
Со изведување на практичната настава, покрај теоретското знаење од докажаниот академски кадар на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, студентите ги зајакнуваат сопствените професионални капацитети кои се клучни за брзо адаптирање во нивните идни професионални предизвици во борбата против криминалот и безбедноста на граѓаните.






