Студентите во посета на СЦ „Јане Сандански“
Студентите од наставната програма на Факултетот за спортски менаџмент, во рамките на предметот „Менаџмент на спортски објекти“ на 27.12.2022 година, предводени од проф.д-р Весна Јованова-Симева беа во посета на најсовремениот спортски објект во нашата држава СЦ „Јане Сандански“, со кој стопанисува Олимпискиот Комитет на Северна Македонија.
Студентите имаа можност да се запознаат со сите придружни простории и администрацијата која менаџира со спортскиот објект и да дискутираат за проблемите и условите со кои се соочуваат спортистите, спортските клубови, спортските федерации.
Во рамките на посетата, студентите остварија и средба со генералниот секретар на Олимпискиот Комитет, проф.д-р Сашо Поповски при што имаа интересна, отворена и конструктивна дискусија за бројни прашања од областа на спортот.



