X
притисни ентер »

Студентите на АУЕ-ФОН во посета на ПроКредит Банка

Студентите од Економскиот факултет при Американскиот универзитет на Европа - ФОН заедно со асс.м-р Белма Хаџикамбер на 22.12.2022 година реализираа практична и клиничка настава во дирекцијата на ПроКредит Банка во Скопје.

Во рамките на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со специфичностите на банкарското работење, со посебен акцент на предностите на електронското наспроти традиционалното банкарство, како и со иновациите во банкарскиот сектор. При посетата на ПроКредит Банка, студентите ги посетија секторите на банката, а истовремено и се запознаа со практичното банкарско работење.