X
притисни ентер »

Посета на студентите од АУЕ – ФОН на Централниот регистер

Студентите на Факултетот за правни и политички науки при Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, во рамките на редовните наставни активности, реализираа посета на Централниот регистер на Република Северна Македонија, како дел од клиничката настава по предметот „Право на друштва“. Целта на посетата беше студентите да се запознаат со постапката, спецификите  и природата на упис на трговските друштва во трговскиот регистер на РСМ.

Покрај посетата на Централниот регистер, во просториите на АУЕ-ФОН универзитетот се одржа и работилница на тема “Оснивање на ДОО и АД“. На работилницата се реализираше симултано оснивање на ДОО и АД од страна на студентите од втора година на  правни студии, како дел од клиничката на става по предметот „Право на друштва“ под менторство на проф. д-р Сејдефа Џафче, декан на Факултетот за правни и политички науки.