X
притисни ентер »

Студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија на едукативна екскурзија во Виена, европската културна престолнина

Студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа - ФОН, во придружба на проф. м-р Милош Милосављевиќ и проф. м-р Антонио Арангеловиќ реализираа стручна екскурзија во Виена, Република Австрија во периодот од 26.11.2022 до 01.12.2022 година. Виена како град претставува лулка на културата, уметноста и музиката. Грациозен, освојува на прв поглед и нуди мир и спокојство, како и музиката на големиот број композитори и уметници родени токму во него. Оттука, екскурзијата беше одлична можност нè само за меѓусебно запознавање и дружење на студентите од сите студиски години, туки и за разгледување и уживање во еден од најголемите културни центри на Европа, имајќи предвид дека во градот Виена постојат повеќе од 100 уметнички музеи, кои годишно привлекуваат по неколку милиони туристи од целиот свет.

Па така, за време на неколкудневниот престој, нашите студенти посетија повеќе културно-историски локалитети којшто сè само дел од мозаикот на културното наследство на Виена и се вратија со позитивно искуство и неверојатни доживувања, кои што ќе им останат како прекрасни спомени од студиските години на АУЕ - ФОН. По панорамското разгледување на градот Виена, студентите го посетија дворецот „Белведере“ (зимската резиденција на Хабсбуршката династија), како и познатиот светски музеј „Леополд“ каде имаа прилика да ги видат уметничките дела на припадниците на Сецесија (Климт, Шиле, Кокошка..), како и на многу други еминентни автори од втората половина на деветнаесетиот и првата половина на дваесетот век, кои со своето творештво оставиле видлива трага на светската уметничка сцена.

Исто така, студентите имаа прилика да го посетат дворецот Шенбрун, летната резиденција на припадниците на Хабсбуршката династија, изграден 1790 година, кој покрај огромната градина и најстарата Зоолошката градина во Европа поседува и огромен број на артефакти од светски размери.

Покрај огромниот број на културно историски градби, студентите реализираа посета на виенскиот Музеј за Современа Уметност – MUMOK, каде имааа прилика да се запознаат со најновите уметнички остварувања од областа на визуелните уметности, како и музејот „Алберта“, каде покрај делата од периодот на ренесеанса, неокласицизам, романтизам и барок, ги видоа и изложбите на Пабло Пикасо, Колд Моне, како и на Жан Мишел Баскиа.

Во рамки на факултативните активности, покрај посета на ресторани, кафулиња и клубови, студентите имаа прилика да го користат виенското метро, ги посетија забавниот парк „Пратер“ од каде може да се види целата панорама на градот, традиционалниот Божиќен базар кој привлекува милиони посетители секоја година, како и еден од најголемите аутлети во Европа, „Пандорф“.

По посетата, нашите студенти се уверија дека Виена е монументален и елегантен град, со шарм и софистицираност што ги импресионираат сите посетители. Едноставно, главниот град на Австрија воодушевува со своите историски градби, паркови, кафулиња, трговски центри, забавата, ноќниот живот за сите возрасти.... Овој град, нè остава никого рамнодушен. Нè останаа рамнодушни ниту студентите на АУЕ - ФОН, затоа што Виена има прекрасен спој на стар шарм, помешан со новиот и уметничкиот допир што се вдишува во сите негови ќошиња.

Студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ - ФОН изразуваат голема благодарност до Јасмин Карапанчев од Агенцијата НЕХАР ТРАВЕЛ, за логистичката и техничката подршка при реализација на ова патување.