Студентите во посета на Министерството за информатичко општество и администрација
Студентите од Факултетот за правни и политички науки на 30.11.2022 година, како дел од практичната настава по предметот Административно право, заедно со деканката проф. д-р Сејдефа Џафче реализираа посета на Министерството за информатичко општество и администрација, при што на средбата со министерот Адмирим Алити имаа можност директно од него да се запознаат со работата и политиката на министерството.
На средбата, министерот ги информираше студентите од АУЕ - ФОН дека МИОА е креатор на политики и носител на значајни процеси во дигитализацијата, јавната администрација и медиумите, информирајќи ги дека плановите и стратегиите со кои се ангажирани се суштински и одлучувачки за интеграцијата на земјата во Европската унија.
Министерот Алити истакна дека младите се надежта на земјата и на средбата со нашите студенти нагласи дека вратите на Министерството за информатичко општество и администрација секогаш ќе бидат отворени за нив.



