X
притисни ентер »

Студентите од Факултетот за економски науки ги одбележаа Деновите на финансиска писменост

Во рамките на одбележувањето на Деновите на финансиска писменост денеска претставници од осигурителната компанија „Кроација Осигурување“ одржаа интересно едукативно предавање пред студентите од Факултетот за економски науки при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Горан Здравковски и Ана Стојановска од „Кроација Осигурување“ пред студентите на АУЕ - ФОН истакнаа дека осигурувањето стана неопходен дел од нашите живот, заради потребата да бидеме сигурни дека сме се заштитиле себеси, нашето семејство, нашите блиски и материјалните работи што ги поседуваме. Осигурувањето е начин на управување со ризици, при што граѓаните прифаќаат одредени ризици како одговорност да ги префрлаат  на осигурителните компании. Оттука, во последните години расте интересот кај граѓаните во нашата земја како за животното, така и за неживотното сигурување.

Според Ана Здравковска, осигурителната компанија „Кроација Осигурување“ постојано ги следи трендовите во светски рамки, ги мотивира граѓаните да одберат соодветен тип на осигурување и воведува продукти односно осигурителни полиси, согласно нивните потреби. Особено атрактивно, нагласи Здравковска, станува здравственото осигурување пред сè како резултат на состојбите во јавното и приватното здравство, додека мал е процентот на граѓани кои самоиницијативно одлучуваат да го осигураат својот имот.