X
притисни ентер »

Министерката за одбрана во посета на студентите од Факултетот за детективи и безбедност при АУЕ - ФОН

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денес ги посети студентите од Факултетот за детективи и безбедност при АУЕ - ФОН кои реализираат теренска настава по предметот „Топографија и тактика во природни услови“.

Благодарение на поддршката од Министерство за одбрана / Defence MKD, АУЕ - ФОН заедно со обучувачите од Баталјонот за специјални сили, креира врвни професионални кадри од областа на безбедноста, кои располагаат со вештини за справување на различни предизвици.

Со успешна комбинација на формалната едукација и стручното усовршување од страна на компетентни кадри, градиме квалитетна младина и обезбедуваме гаранција за нивна успешност во идниот професионален живот.