Стручно предавање за улогата и употребата на полиграфот во решавање на криминални дела
Студентите од Факултетот за детективи и безбедност во рамките на практичната настава, денеска имаа предавање за улогата и употребата на полиграфот во решавање на криминални дела. М-р Костадин Иванов, полиграфист од Министерството за внатрешни работи го сподели неговото драгоцено искуство од работењето со полиграфот и на студентите практично им го покажа значењето на овој инструмент, неговите составни делови, условите за користење, како и правилата за полиграфско тестирање.
АУЕ – ФОН ја продолжува соработка со релевантните институции со цел студентите, покрај теоретското знаење да можат да се стекнат и со вештини преку практична работа и споделувања на искуства. Само така заедно, градиме генерации од различни профили кои веднаш се подготвени за прифаќање на сите професионални предизвици!


