X
притисни ентер »

КОНКУРС

Врз основа на член 108 од Законот за високото образование (Службен весни на РМ бр. 35/08 со измените) Ректорската управа на Првиот приватен универзитет – ФОН, распишува:

К О Н К У Р С

ЗА ТРАНСФЕР И УПИС НА СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА ФОН УНИВЕРЗИТЕТОТ

ЗА АКАДЕМСКАТА 2011/2012 ГОДИНА

Трансфер и упис на прв и на втор циклус на студии се врши на следните факултети во состав на ФОН Универзитетот:

        Факултет за економски науки

          Факултет за правни науки

            Факултет политички науки, дипломатија и новинарство

   Факултет за детективи и безбедност

                              Факултет за применети странски јазици

                   Факултет за дизајн и мултимедија

            Факултет за информациско-комуникациски технологии

       Факултет за спортски менаџмент

  • Право на трнасфер од една на друга студиска програма во рамки на Универзитетот (интерен трансфер) имаат студентите кои се запишани на еден од факултетите во состав на ФОН Универзитетот
  • Право на трансфер на студиите од други високообразовани институции од Република Македонија и од странство, на факултетите во состав на ФОН Универзитетот, имаат сите студенти кои запишале најмалку една академска година или дипломирале на високообразовната инстутуција од која доаѓаат.
  • Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа.

 

Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование.

Трансфер и упис на студентите ќе се врши заклучно со 15 февруари 2012 година.

            Потребни документи за аплицирање за трансфер и упис:

                - Исписница од високообразовната институција од која се врши трансферот;

                - Уверение за положени испити;

                - Оригинални сведителства од сите години и завршна диплома од средно образование;

                - Извод од матичната книга на родените;

- Уверение за државјанство.