X
притисни ентер »

Историјата на модата. Знаење што ја инспирира иднината

🧵 *Историјата на модата. Знаење што ја инспирира иднината.* 

📚 Примероци од енциклопедиското издание „Облеката и модата, од историјата до денес“ од авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ, како вреден подарок за академската заедница на АУЕ-ФОН.
🤝 Ротари клуб Скопје Центар, претставуван од претседателот Владимир Соколовски и членовите проф. д-р Лидија Георгиева и Владимир Јованов, ја подарија оваа значајна публикација на нашиот Универзитет.
Станува збор за ретко и капитално дело кое на македонски јазик ја открива богатата историја на облекувањето и модата, од нивните историски корени до современите креативни изрази, поврзувајќи ги културата, уметноста и дизајнот.
🎓 Во име на АУЕ-ФОН, директорката м-р Сезен Цаноска, ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски и деканот на Факултетот за дизајн и мултимедија, проф. м-р Милош Милосављевиќ, упатија благодарност за овој значаен придонес кон академската и културната ризница на Универзитетот.
📖 Преку универзитетската библиотека, книгата ќе им биде достапна на студентите по моден дизајн, но и на сите истражувачи и љубители на модата, дизајнот и костимографијата.
Бидејќи секоја голема идеја има своја историја. А секоја нова генерација дизајнери заслужува да ја познава.
Ви благодариме, Ротари клуб Скопје Центар, за поддршката на знаењето, културата и образованието.

#AUEFON #RotaryClubSkopjeCentar #FashionDesign #FashionHistory #DesignEducation #AcademicExcellence #KnowledgeInspires