АУЕ–ФОН дел од развојот на модулите за креирање Синдикална академија во рамките на TUAC2026
Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ–ФОН), како академски и истражувачки партнер во меѓународниот проект TUAC2026, има клучна улога во развојот на модулите и подготовката на програмата за претстојната Академија за синдикати.
Експертскиот тим на АУЕ–ФОН ги преточува истражувачките сознанија во методолошки насоки за развој на модулите за синдикална академија, преку дефинирање на образовните цели, тематските целини, едукативните материјали и интерактивните работилници.
Програмата се фокусира на четири клучни области: работнички права, синдикално организирање и застапување; социјален дијалог и лидерски вештини; професионален развој и управување на работното место; финансиска писменост и дигитална комуникација.
Преку комбинирање на теоретските знаења со практични вежби, симулации и интерактивни активности, Академијата има цел да им овозможи на младите стекнување применливи компетенции за заштита на работничките права, колективно организирање и активно учество во синдикалните структури.
Со завршувањето на оваа истражувачка и методолошка фаза, едукативните материјали се подготвуваат за претстојниот заеднички едукативен настан, што претставува значаен чекор кон создавање нова генерација едуцирани и проактивни млади синдикални лидери.
Проектот TUAC2026 – „Синдикат – нов глас за погласна младина“ е поддржан од програмата Еразмус+ КА3 – European Youth Together, а е координиран од Синдикатот на УПОЗ.
