X
притисни ентер »

Практична настава во Министерството за внатрешни работи

🎓 Студентите на факултетот за правни и политички науки, реализираа практична настава во Министерството за внатрешни работи во Скопје. 
🏛️ Посетата им овозможи да се стекнат со практични знаења за организацијата и функционирањето на Министерството. 

Акцент на посетата беше ставен на:
• практичните аспекти во постапките на остварување на системот на државната и јавната безбедност;
• спецификите на пријавувањето на живеалиштето и престојувалиштето;
• движењето и престојот во граничниот појас;
•како и прашањата за престојот и движењето на странците. 

⚖️ На посетата се акцентираше за улогата на Министерството во укажување на стручна помош на граѓаните, правните лица и на државните органи во остварувањето на пропишаните права и обврски, заштитата на животот и личната сигурност на граѓаните и имотот.