X
притисни ентер »

Меморандум за соработка меѓу АУЕ-ФОН и Меѓународниот Универзитет Визион

🏛️АУЕ-ФОН, предводен од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката м-р Сезен Цаноска, од една страна, и Меѓународниот Универзитет Визион, претставуван од в.д. ректорот проф. д-р Зоран Филиповски, од друга страна, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете високообразовни институции.
🌍 Со потпишувањето на Меморандумот се отвораат нови можности за унапредување на академската соработка, размена на знаења и искуства, реализација на заеднички проекти и иницијативи, како и создавање нови можности за студентите и академскиот кадар.
🎓Ова партнерство претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓуинституционалната соработка и заеднички придонес во развојот на квалитетното високо образование.