Посета на Судскиот совет на Република Северна Македонија
⚖️ Студентите на Факултетот за правни и политички науки реализираа посета на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Студентите остварија средба со претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, претседателот на Врховниот суд, како и со членови на Советот.
Во таа прилика, имаа можност да се запознаат со надлежностите, практичните аспекти во работењето и активностите на Советот, при што во непосредната комуникација беше покажан голем интерес за работата на Советот, судството и правосудството во целина.
На посетата се дискутираше и за иднината на правничката професија, предизвиците со кои се соочуваат младите правници, како и можностите за соработка, вмрежување и реализација на студентска пракса.
Беше нотирана заложбата на Факултетот за правни и политички науки за обезбедување квалитетни услови за реализација на практична настава во рамките на највисоките правосудни органи во државата.
🎓Преку ваквите активности, Факултетот продолжува да ја поттикнува практичната едукација, професионалниот развој и активното вклучување на студентите во правосудниот систем.



