X
притисни ентер »

Центарски улици 4

Денес во 19 часот во Културниот Центар „Јадро“  ќе биде отворена изложбата "Центарски улици 4" која содржи дела и на десет студенти од Факултетот за дизајн  и мултимедија при АУЕ-ФОН и на проф. Милош Милосављевиќ. Делата  на студентите Ива Трајчева, Грегор Пешевски, Леонора Голова, Михаил Стоиловски, Стефан Христовски, Теодора Бојаровска, Тијана Матеска, Ема Периќ, Теодора Стефановска и Емилија Стојчевска се изработени во ликовната техника акрил на платно со мотиви на центарските улици на македонската метропола.