Годишна студентска изложба
Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа - ФОН организира Годишна студентска изложба, на која ќе бидат претставени делата на студентите од насоките графички дизајн, мултимедија и моден дизајн, а кои се резултат од наставните програми во академската 2025/2026 година.
Во рамките на изложбата ќе се одржи модна ревија, како и проекција на студентски мултимедијални дела и краткометражен филм.
Отворањето на изложбата е на 11.06.2026 во просториите на АУЕ - ФОН и N99 event center, со почеток во 20 часот.
Плакатот е дело на нашите студентки Марија Николов и Анастасија Серафимовска.
Ве очекуваме.
