X
притисни ентер »

Посета на Идризово

🎓Студентите од Факултетот за детективи и безбедност и Факултетот за правни и политички науки, во рамките на соработката со Управата за извршување на санкции, имаа можност да се запознаат со процесот на ресоцијализација во КПД Идризово. Посетата ја реализираа заедно со деканката проф. д-р Татјана Ашталкоска-Балоска, како и со проф. д-р Митасин Беќири и проф. д-р Зинета Асани. Оваа посета претставува значаен чекор кон практичното образование на студентите и продлабочување на нивните знаења за функционирањето на казнено-поправниот систем.