Посета на основниот кривичен суд Скопје
Основниот кривичен суд Скопје беше домаќин на студенти од Факултетот за правни и политички науки при АУЕ- ФОН.
Во рамки на посетата, студентите се запознаа со работата на судските писарници, функционирањето на АКМИС системот, постапувањето со предметите во судската архива, како и со техничките услови за аудио-визуелно снимање во судниците. Тие имаа можност и да присуствуваат како јавност на главни расправи од Кривичното одделение за полнолетни.
Во текот на посетата, студентите и нивните ментори остварија средба со в.д. претседателката на Судот, судија Даниела Димовска, при што се запознаа со предизвиците во судската работа и функционирањето на судскиот систем, со посебен акцент на значењето на судските одлуки во општеството.
Повеќе информации на следниот линк: