X
притисни ентер »

Моден форум „Мода, едукација, технологија“.

На 17 февруари, во организација на DMWC, со поддршка на Амбасадата на Република Словенија, се одржа Модниот форум „Мода, едукација, технологија“. На форумот, покрај останатите експерти од индустријата, дизајнот и едукацијата, учествуваше и проф. м-р Никола Ефтимов од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ–ФОН.
Заедно со останатите панелисти, тој дискутираше за улогата на новите технологии и вештачката интелигенција во модата, од дизајн и продукција, до презентација и едукација.
На форумот присуствуваа и студентите по моден дизајн од Факултетот за дизајн и мултимедија.