Проф. м-р Милош Милосављевиќ од АУЕ-ФОН дел од Меѓународната ликовна колонија ‘Гласот на капката’ во рамки на #GO!2025
Деканот на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН, проф. м-р Милош Милосављевиќ, беше еден од четворицата партиципиенти кои ја претставуваа нашата држава на Меѓународната ликовна колонија „Гласот на капката“ / Mednarodna Likovna Kolonija "Glas kaplje" / Colonia Internazionale Artistica „La voce della goccia“, одржана во периодот од 18 до 22 септември 2025 година.
Настанот се одржа во рамките на овогодинешната Европска престолнина на културата — Нова Горица (Р. Словенија) и Гориција (Р. Италија) - #GO!2025.
Покрај авторите од Словенија, Италија, Франција и Хрватска, учество земаа и македонски претставници, меѓу кои и проф. Милосављевиќ, кој со своето творештво даде значаен придонес во интернационалната културна размена и уметничка соработка.


