X
притисни ентер »

Практична настава по право со адвокат Маја Ристовска Стојановска

На факултетот за правни и политички науки се одржа дводневна клиничка настава од страна на адвокат Маја  Ристовска Стојановска. Студентите имаа прилика да се запознаат со практичните аспекти на регистрација на трговските друштва, спецификите на постапката и анализа на документите за упис. Исто така студентите имаа прилика да ги согледаат практичните аспекти на парничната постапка преку анализа на случаи на развод на брак, постапката на определување на издршка како и спецификите на вонпарничнатапостапка.