X
притисни ентер »

Отворени денови на АУЕ - ФОН

Споделуваме дел од атмосферата која навистина не се опишува со зборови, полна со енергија, инспирација и многу, многу насмевки! Секој момент беше исполнет со позитивна вибрација и ентузијазам.
Имавме можност да се запознаеме со голем број млади луѓе кои покажаа искрен интерес за својата иднина, за образованието и за можностите што им се нудат. Разговаравме отворено за сè што ги интересираше, од изборот на студии, преку начинот на работа на факултетот, до конкретните можности за вработување и развој по завршувањето на академското патување.

Споделивме искуства за тоа како изгледа студентскиот живот на АУЕ – ФОН, како се гради заедница која мотивира, поттикнува и нуди поддршка. Ги претставивме уникатните програми, практичната настава и пристапот кон образованието што ги прави студентите на ФОН подготвени за реалниот свет, уште пред да го завршат своето образование. Од студиски посети, преку реални проекти и вклученост во менторски програми, до активна соработка со компании и организации,  зборувавме за сеопфатниот пристап што АУЕ – ФОН го има кон образованието.

Она што посебно нè израдува беше искрената љубопитност и отвореноста на присутните, нивните прашања, идеи, а и насмевките што ги разменивме. Тоа се моменти кои инспирираат и мотивираат да продолжиме уште посилно со она што го работиме, создавање генерации на млади професионалци, подготвени да направат разлика.

Благодарност до сите што беа дел од ова искуство, за нивната енергија, интерес и позитивност. Со нетрпение ги очекуваме новите средби и нови заеднички авантури во светот на знаењето!