X
притисни ентер »

Пракса во Прокредит банка за информатичари

ПроКредит Банка бара: Практикант за Информатичка технологија за подршка на апликации и развој во Секторот за информатички технологии во Скопје.

Потребни квалификации и вештини: 

  • Tрета или четврта година на студии во областа на информатичка технологија и компјутерското инжинерство
  • Познавања на една од следниве Microsoft технологии:
      1. Microsoft Visual Studio .NET ; C# ;
      2. MS SQL Server/Reporting Services;
      3. Microsoft SharePoint
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлични комуникациски способности
  • Способност за тимска работа
  • Способност за решавање проблеми


Организација на практичната настава:

  • Практичната настава ќе се одвива во Централната Управа на ПроКредит Банка во Скопје - Секторот за Информатички Технологии
  • Динамичен процес на учење преку конкретни работни задачи со целосна поддршка од ментор
  • Работа на реални проекти преку развој и поддршка на апликации
  • Праксата ќе биде со времетраење од 2 до 3 месеци по 8 часа на ден
  • Финансиски надоместок за учесниците

Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на следнава емаил адреса [email protected]