Повик за платена пракса во МЦЕО

Македонски центар за европско образование (МЦЕО) распишува поик за волонтери-практиканти кои би учествувале во работата на МЦЕО започнувајќи од 15 јуни 2016 година во период од три месеци. Времето на започнување може да биде договорено согласно потребите на МЦЕО и расположливото време на волонтерот.
МЦЕО (www.mcet.org.mk) е непрофитна, неполитичка, тинк-тенк организација основана во септември 2002 годината.
Македонскиот центар за европско образование го поддржува пристапувањето на Македонија во ЕУ и европеизацијата на општеството преку професионална обука и советување, развој на јавни политики засновани на докази, регионална соработка и застапување за промени.
Во текот на оваа година МЦЕО, меѓу другото, ќе работи на истражување и подготовка на следните студии:
- Студија за промените во европската финансиска рамка и политиките за земјоделство и конкуренција (државна помош);
- Студија и водич за толкување на слободата на говор и изразување во европската правна рамка;
- Студија за местото на Македонија во надворешните политики на државите членки на ЕУ и перцепцијата на европската јавноста во однос на пристапувањето на Македонија во ЕУ;
- Студија за модели на локална демократија и промените предизвикани од европеизацијата;
како и анкетно истражување ЕВРОМЕТАР2016, организација на 2та Школа за европска политика и други јавни настани за што има потреба од волонтери-практиканти кои ќе учествуваат во работните процеси.
МЦЕО може во текот на оваа година да прифати најмногу 12 практиканти-волонтери на 3 месечен период.
Кандидатот треба да ги поседува следните квалитети:
- Да е во завршниот циклус од редовните студии или на последипломски студии во следните области: право; меѓународни односи и дипломатија; политички науки; економија;
- Да покажува особен интерес кон процесот на демократизација, европеизација на општеството и пристапување кон Европската унија;
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
- Познавање на секој друг јазик ќе се смета за предност ( јазиците на етничките заедници во Македонија, како и француски, германски, италијански или шпански)
- Способност за тимска работа
- Познавање на работа со компјутери и софтвер за уредување текстови и табели, како и софтвер за статистичка обработка на податоци SPSS
- Поседува добри конкуникациски и организациски вештини и способност за комуникација по социјални мрежи (twitter, facebook, blog)
Опис на работни задачи:
- Административни задачи: транскрибирање на интервјуа
- Истражување и пишување на документи на една од следниве теми: слобода на медиуми, локална демократија и демократизација и европеизација на општеството; надворешна политика; политика на проширување; економија и финансии во ЕУ; фискален пакт; повеќегодишна финансиска рамка; заедничка земјоделска политика; итн.
- Учество во организирање на јавни настани
- Изготвување на извештај за работата од три месеци
- Изготвување на продукт/документ од истражувањето
Кандидатот/кандидатката ќе добие:
- Месечен волонтерски надоместок
- Поволна клима за работа
- Менторство од вработените во кацеларијата при исполнување на задачите
- Обуки за ЕУ, пишување на документи за јавни политики, застапување итн.
- 3 месечно волонтерско искуство во граѓанска организација
Апликациите кои содржат мотивациско писмо и резиме на англиски јазик се поднесуваат на следната адреса за е-пошта: [email protected]