X
притисни ентер »

Анализа на англискиот меѓујазик од македонски говорители на А1, А2 и Б1 ниво од Заедничката европска референтна рамка за јазиците (ЗЕРР) со посебен осврт на меѓујазичнoто влијание

  • Проект Брstrong 13-3965/1 одобрен од Македонското министерство за наука и образование
  • Времетраење: 2 години (2010-1012)
  • Цели на проектот

Овој проектот има за цел да ги идентификува, класифицира и објасни карактеристиките на англискиот меѓујазик од македонски говорители, поточно англискиот јазик кој го зборуваат изучувачите во Република Македонија. Посебно се фокусираме на влијанието на македонскиот како мајчин јазик или како јазик на средината, а ќе се започне со анализа на првите три нивоа на знаење (А1, А2 и Б1) од Заедничката европска референтна рамка за јазиците (ЗЕРР). Главна задача е да се спроведе анализа заснована на теориските резултати, која ќе користи современи емпириски методи врз електронска база на податоци (корпус на усни и писмени примероци), а потоа вака добиените резултати ќе се сумираат во практичен прирачник наменет за наставниците по англиски јазик и студентите на соодветните студиски групи.

Првичната верзија на базата (Македонски корпус на англискиот меѓујазик - МКАМ) е поставена на следната адреса http://mkam.app.fon.edu.mk/Default.aspx и во неа се внесени околу 1000 испитувачи од различни возрасти и нивоа на познавање на англискиот јазик. Базата ќе продолжи да се доградува и ќе служи и за идни истражувања.

Ако сакате да се вклучите како собирач на податоци или како истражувач, обратете се до главниот истражувач проф. д-р Лилјана Митковска ([email protected]; [email protected] ).

  • Членови на тимот:
  • Главен истражувач: проф. д-р Лилјана Митковска, Универзитет ФОН, Скопје ([email protected])
  • Истражувачи: проф. д-р Елени Бужаровска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје ([email protected] ) доц. д-р Марија Кусевска, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип ([email protected])
  • Информатичар: доц. д-р Славчо Чунгурски, Универзитет ФОН, Скопје ([email protected])
  • Помлади истражувачи: асс. м-р Анастазија Киркова-Наскова, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје ([email protected]) лектор Ивана Живковиќ-Кеврешан, Универзитет ФОН, Скопје ([email protected])

Корпусни истражувања на англискиот меѓујазик на македонските изучувачи: Усвојување и меѓујазично влијание

Лилјана Митковска, Марија Кусевска, Елени Бужаровска

Скопје: Прв приватен универзитет-ФОН 2013

ISBN 978-608-4506-32-4

Mitkovska, Liljana and Kusevska, Marija and Buzarovska, Eleni (2013) Корпусни истражувања на англискиот меѓујазик на македонските изучувачи: Усвојување и меѓујазично влијание. ФОН Универзитет, Скопје.

Корпусни-истражувања-Вовед (download here)

Summary_Eng (download here)